Вонредна контрола во УЈСЕ е направена минатата недела и не се откриени неправилности соопштија од Државниот инспекторат за животна средина. УСЈЕ тврди дека испушта емисии далеку под дозволена граница, од зелен хуман град остануваат на ставот дека е потреба дислокација. Експертите предупредуваат дека тоа може да трае со години, да чини многу и нема да го реши проблемот со загадениот воздух во Скопје.
Раководството на УСЈЕ тврди дека не го загадува воздухот кој го дишат скопјани, граѓанскиот сектор бара јавно достапни податоци од мерењата и независна акредитирана лабораторија a експертите предупредуваат дека дислокацијата ќе биде скап и долготраен процес кој нема да го реши загадувањето.
Од Државниот инспекторат за животна средина соопштија дека во Усје годинава се извршени неколку контроли, редовни и вонредни, последната е направена на минатата недела и не се регистрирани неправилности во работењето.
Дислокацијата на УСЈЕ не е решение и нема да го направи значајна разлика во квалитетот на воздухот во Скопје, смета професор доктор Дејан Мираковски, ректор на Универзитот Гоце Делчев во Штип.
Според Мираковски, потребен е поцврст и решителен пристап како со примерот во Краков, Полска заедно со краткорочни, среднорочни и долгорочни стратегии.
Експертите се децидни дека евентуална дислокација на УСЈЕ претставува комплексен процес кој би траел со години и финансискиот товар би паднал на државата а треба да има и правна основа и постапка која би била потпора на одлуката за дислокација и би спречила правни компликации и евентуални судски процеси.
Огнен Чанчаревиќ
Б.С.











