Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори постапка за злоупотреба на автобуси во политичка кампања. Директор на јавно сообраќајно претпријатие овозможил промоција на кандидат за градоначалник преку јавниот превоз.
Негови фотографии биле залепени на возилата за време на изборната кампања. Антикорупциска не откри за кој град станува збор и за кој од кандидатите. Комисијата ќе го пријави случајот за злоупотребата, како што рече, до надлежен орган.











