Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата.
- Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги артикулира. Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на ВЛЕН во Владата избраа молк и сервилност. Овој молк се толкува како дозвола за напади врз албанскиот јазик, за релативизирање на еднаквоста и за поткопување на темелите на мултиетничката држава, велат од ДУИ.
ДУИ јасно порачува дека албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат или релативизираат. Тие се уставни права и дел од политичкиот поредок што ја гарантира стабилноста и соживотот во државата.











