Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ и ВРЕДИ со осуда за пукањето во Куманово, СДСМ бара оставка од Тошковски

/

пред 375 дена

Сподели преку :

Од ДУИ остро го осудија настанот и го нарекоа варварски чин на насилство.

Бараат од Министерството за внатрешни работи и обвинителството веднаш да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите.

  • Во знак на солидарност со повредениот и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, нашата партија одлучи да ги прекине сите денешни активности, a институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот, соопштија од ДУИ.

И од ВРЕДИ најостро ја осудуваат секоја форма на насилство и упатуваат апел за смиреност, воздржаност и почитување на институциите кои треба целосно да го расветлат случајот.

-Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички цели, велат од ВРЕДИ.

СДСМ бара од надлежните институции веднаш да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Бараат и политичка одговорност од министерот за внатрешни Панче Тошковски.

Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и е недозволиво, велат од СДСМ.