Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ по емисијата на КОД обвини за монопол на Касинос Аустриа

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Со влог од 1 милиони евра без согласност од Комисијата за заштита на конкуренцијата на српско-бугарска приватна фирма Касинос Аустриа и се овозможува монопол со државна заштита и профит од над 100 милиони евра, а сегашниот директор на Државна лотарија, Александар Климовски бил нивен консултант, обвини денеска ДУИ.

КОД вчера објави дека над сто илјади евра Климовски земал од Касионс Аустриа за консултантски услуги до назначувањето на новата функција со што се покрена прашањето и за евентуален конфликт на интерес.

Со договорот за формирање на Државна видео лотарија, според ДУИ и се овозможило на Касинос Аустриа право на вето во носење на одлуките, а освен Климовски на платен список биле и негови соработници и роднини на министри од Владата.

„Државата не само што ја нема зачувано доминантната позиција во одлучувањето, туку сега повторно и го враќа монополското право на Касионс Аустриа. Која е економската и морална оправданост тоа да се прави со српско-бугарската Касинос Аустриа, а не самостојно со 100 процентен државен капитал“, изјави Блерим Беџети од ДУИ.

Владата, како што додаде Беџети, во брзање да го врати монополот на Касионс Аустриа направила грешка во чекори и го усвоила и автентичното толкување  на Законот за игри на среќа дека приредување на лотариски игри на среќа може да се врши само од државата.

„Дополнително и најскандалозно е дека автентичното толкување обзнани дека српско-бугарската Касинос Аустриа незаконски организирала интернет игри на среќа преку нивната интернет платформа 2WIN.mk од 1 јануари 2017, па се до 2024 година, оштетувајќи ја државата за десетици милиони евра“, додаде Беџети.   

Од ДУИ ги повикаа институциите да постапат, иако незаконските игри на среќа се одвивале и додека тие беа на власт и еден од директорите во тој период беше и Перпарим Бајрами, кој е поврзан со партијата.

Инаку КОД обелодени и дека државата 7,5 години организирала коцкање преку интернет на диво, а Бајрами за ова бил повикан на распит во Финансиската полиција. Но, ако онлајн коцкањето било нелегално од 2017 година, тогаш не е само тој, туку се смениле повеќе директори.

ДУИ сега повикуваат да се разгледаат сите пропусти и на со неселективен пристап, а притоа да не се лаже и јавноста дека Вреди се залага за намалување на коцкањето во државата.

Марија Митевска