Врвот сè уште не е достигнат, мислам дека сè уште има простор за смирување на работите и да се воспостави било каква комуникација која што ќе води кон деескалација за да не дојде до проширување и надвор од Блискиот Исток, рече Никоја Дујовски, професор на факултетот за безбедност, во денешното издание на „Директно“ на ТВ Телма во контекст на војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран.
„За тоа во оваа фаза нема најави, бидејќи другите светски сили, особено оние од Истокот, Кина и Индија, се прилично резервирани. Следат што се случува, Европа исто така не покажува некоја посебна подготвеност да се вклучи во дејствијата, освен Велика Британија“, истакна Дујовски.
Според него, американско-израелската воздушна кампањи против Иран е прилично ограничена акција.
С.Д:











