Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дупнати гуми и натписи „предавник“ – вандализирани трактори на грчки земјоделци кои биле на средбата со премиерот Мицотакис

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Непознати сторители оштетиле два трактора на земјоделци од блокадата кај Никеа, во близина на Лариса, кои претходно учествувале на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Според грчките медиуми, гумите на тракторите биле пробушени, а со спреј бил испишан зборот „предавник“.

Инцидентот беше осуден од Националниот координативен комитет на земјоделците, оценувајќи дека ваквите напади се спротивни на вредностите на земјоделската заедница.

Претставници на земјоделците најавија дека сами ќе ги покријат трошоците за штетата за да не се наруши нивната кауза. Грчката влада, исто така, го осуди нападот, а портпаролот Јанис Маринакис го нарече „срамен чин“.

Настанот ја откри поделеноста меѓу земјоделците по повеќенеделните протести поради доцнењето на субвенциите и зголемените трошоци, додека владата најави можни интервенции доколку блокадите продолжат.

Фото: mia.mk