Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дурмиши во посета на Центарот за вработување во Тетово, по инцидентот со екипата на Телма

/

пред 94 дена

Сподели преку :

Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска го посети Центарот за вработување во Тетово. Посетата доаѓа само ден по инцидентот со екипата на Телма, кога по барање на директорот на Центарот за вработување во Тетово и други присутни лица тие беа приморени да избришат дел од снимениот материјал за секојдневните гужви.

За попречување на работата на дописникот на Телма реагираше и ЗНМ од каде соопштија дека особено загрижува фактот што снимателот бил принуден да ги избрише снимките. Екипата на Телма известуваше за долгото чекање на граѓаните при поднесување документи за мерките за самовработување, во што денеска се увери и самиот Дурмиши.

Тој самиот затекна многу граѓани кои чекаа во ходниците и кои се загрижени дека нема да стигнат навреме да аплицираат за мерките за самовработување.

Дурмиши најави пролонгирање на рокот за една недела, и ги увери сите заинтересирани дека ќе имаат можност да се пријават.

Директорот на Центарот за вработување во Тетово Нехат Османи денеска објаснуваше дека долгото чекање на граѓаните било поради проблеми што ги имале со Интернетот но и поради малиот број на  компјутери.

„ Од утре нема да ги видите овие гужви“, рече Османи.

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

ЗНМ го осудува попречувањето на новинарска екипа на Телма во Тетово и бара итна истрага