Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два нови случаи на повредени деца од Тик Ток предизвикот ,,Супермен’’

/

пред 675 дена

Сподели преку :

Девојче скокнало за да го изведе Тик ток предизвикот Супермен, но сега е во болница со повреден рбетен пршлен. Учениците продолжија со опасните активности предизвикани од популарната социјална мрежа. Викендов во Клиниката за хируршки болести во центарот на Скопје биле примени две повредени ученички.

За време на викендов се примени две пациентки ,едната е на 13 годишна возраст а другата на 15 годишна возраст , пациенката на 13 годишна вораст има скршеници на подлактица а пациентката на 15 годишна вораст е задржена на болничко лекување со скршеница на два слабински пршлена Изјави Др Небојша Настов,  директор на Универзитетска клиника по хируршки болести Св.Наум Охридски

Како општество, како возрасни  дознаваме премногу доцна за ваквите трендови дури откако некое дете ќе се повреди, поради што треба да се внимава, објаснува комуникологот Бојан Кордалов.

Да го поставиме прво прашањето како како ворасни треба да се едуцираме  ,кои се тие трендови и зошто дознаваме за ваквите трендови откако ќе се случи некаква несреќа во училиште и некој друг простор. Тоа значи дека ние како опшество ги игнорираме и позитивните и негативните страни на интернетот изјави Бојан Кордалов, Комуниколог

Не се натпреварувајте во Тикток предизвици туку во учење, математика, спорт, вели министерката за образование Весна Јаневска и апелира до родителите за поголемо внимание и грижа за децата.

Родителите треба да си ја превземат сериозно родителската функција и да влијаат врз сопствените деца да не се однесуваат во овој момент така како што се однесуваат на некаков предизвик кој е во  мода и краткотраен за разлика од овие предизвици за кои ја зборувам за кои ќе им го подобрат животот во иднина изјави Весна Јаневска, Министерка за образование и наука 

Тик Ток предизвикот е кога група на деца го отфрлаат од раце нивниот врсник кој прави Супермен потег со рацете и треба да се дочека на нозе. Често се случуваат повреди, а предизвикот ги „запали“ најмладите кои се верни следбеници на Тик Ток. Во Македонија имаше дваесетина повредени ученици, а повредени малолетни Супермени се појавија насекаде низ Балканот.

Мартин Трајчевски