Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дваесет и три жртви во пожар во северозападно Мексико, меѓу жртвите има и деца

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Дваесет и три лица го загубија животот синоќа во пожар во северозападниот дел на Мексико. повикувајќи се на гувернерот на државата Сонора, Алфонсо Дуразо.

Меѓу загинатите има и деца. Пожарот избувнал во објект каде се продаваат производи „за еден долар“ од синџирот „Валдо“ во градот Хермосиљо, во државата Сонора, соопштија светските агенции.

Единаесет лица се хоспитализирани со изгореници. Во видео порака, Дуразо објави дека наредил „темелна“ истрага за да се разјасни причината за пожарот и кој е одговорен за него.