Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две децении од падот на Кингерот – Меѓу роднините уште тлее теоријата за атентат врз претседателот Борис Трајковски

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Трагичната судбина на вториот претседател на државата, веќе две децении е дел од современата македонска историја. Се случи на странско тло, во Босна и Херцеговина, имаше истраги и таму и во татковината на загинатиот Претседател Борис Трајковски. А сомнежи има многу, особено меѓу најблиските роднини кои постојано ги посетуваат вечните домови на загинатите.

-Не сакам да навлегувам во тој дел, но сомнителна е работата. Да не речам дека е атентат. Дефинитивно да не пуштат 24 часа, наши луѓе од Македонија на лице место, не мора да ги лоцираат. Се знае од таа далечина, барем да го сликаат. Тоа како беше УНПРОФОР (СФОР), не може да се сетам, почнаа да раскажуваат прикаски 24 саати, рече Цоне Крстевски, брат на загинатиот Миле Крстевски, присетувајќи се на нејаснотиите од времето на трагедијата.

Покрај претседателот Трајковски, во падот на кингерот загинаа службениците од неговиот кабинет Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, дипломатот Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

После падот на авионот, мировната мисија на СФОР не допушти цел ден пристап до местото на несреќата. Не можеше да се изведе спасувачката мисија. Босанските власти поделени на државни и кантонални немаа исти процедури за слетување. Контролата на летање беше воена на меѓународната мисија и за неа се грижеше француската Армија. Ротимље стана ново историско место на Македонија по настан исполнет со мистерии и логични прашања кои со години се истражуваа од новинарите, истражните комисии и обвинителството.

-Контролорите на летање имале можност во рок од 15 секунди да ја пресметаат точната локација од моментот кога се изгубил контактот со пилотите. И сметам дека на таа организираност која ја има СФОР (н.з. тогашната меѓународна мисија во Босна и Херцеговина) тоа не би требало да биде пречка да го лоцира или открие местото на падот и да испрати свои војници во рок од 90 минути или час и половина, изјави Зоран Доревски, експерт за безбедност во емисијата КОД во 2015-та, откако местото на падот беше откриено дури еден ден по несреќата.

  • Во барање на местото на падот се вклучија припадници на обезбедувањето на Претседателот Трајковски. Првите информации ги добивме од нив, во хотелот каде бевме сместени. Од нив добивме известување дека имало големо раздвижување на силите на СФОР со цел пронаоѓање на местото. Меѓутоа не добиле никаков контакт односно кога се обиделе во една прилика, да се движат по една патека со џипови за да ја осматраат околината, не им било дозволено тоа да го сторат од вооружени војници на СФОР, истакна тогашниот шеф на Военото разузнавање Владимир Пивоваров, во изјава дадена во 2012-та година за емисијата КОД.

По долгата потрага или криење, истрагата ја откри црната кутија. Имаше две теории, првата дека пилотите згрешиле и прерано се спуштиле, втората дека биле наведени порано да го почнат спуштањето.

Дента на трагедијата имало магла, а сите истраги во странство беа затворени какопилотска грешка додека македонското обвинителство се уште го држи случајот како отворена истрага. А роднините се сеќаваат како ја слушнале информацијата за трагедијата.

  • Не ми се веруваше, си живеевме многу.Бевме 4 браќа и сестра. Тоа беше страшно, не ми се веруваше. Најтешко ми беше она чекање, кажа рече Цоне Крстевски, брат на загинатиот Миле Крстевски, за моментите кога 10 дена беа чекани посмртните останки да бидат донесени во Македонија.

Две децении подоцна, уште една низа свежи букети и венци беа наредени покрај гробот на загинатиот Претседател Трајковски. Ниту најблиските роднини, ниту неговиот тогашен советник, а сегашен Претседател не се огласија – на денот на сеќавањето на Трајковски и националната трагедија.

Миомир Серафиновиќ