Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица на Косово уапсени под обвинение дека шпионирале за БИА

/

пред 869 дена

Сподели преку :

Косовската полиција денеска уапсила две лица во Урошевац под сомнение за шпионирање и соработка со српската Безбедносно информативна агенција, соопштија косовските медиуми.

Според тоа што се објавува на Косово, еден од двајцата уапсени е татко на косовскиот новинар и сопственик на порталот „Факте Плус“, Зекирја Шабани, кој според нив помагал во предизборната кампања на коалицијата Вреди во Македонија.

Акцијата за нивно апсење била спроведена од косовската полиција по информации од разузнавачката служба, го пренесуваат косовските медиуми соопштението на специјалното обвинителство.

Српската разузнавачка агенција пак категорично негира дека постоело било каква соработка со лица од Косово, и соопштението на специјалното обвинителство го нарече „пласирање лажни вести“.