Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица загинаа кај селото Тркање – тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево, околу 14 часот, се случи на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање.

Од СВР Штип информираа дека во несреќата учествувале две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата.

Според првичните сознанија од терен, во сообраќајната несреќа дошло до директен судир на патнички автомобили Фолксваген и Пежо, при што кај едното возило избувнал пожар и тоа целосно изгорело.

На терен е екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, а увид на местото на несреќата прави екипа од Полициската станица во Кочани.