Вчера околу 18 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат во село Колибари, Кичевско, 15-годишна малолетничка од истото село, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од кичевското село Грешница.











