Родителите на дeцата со попреченост од Битола денеска излегоа на мирен протест за да ги потсетат надлежните за нивните проблеми. Бараат подобри услови за своите деца, барем двојно зголемување на месечниот надоместок од 5000 денари, дневни центри и личен асистент за секое дете или пак еден од родителите да добива минимална плата од државата.
Рекоа дека ќе има асистенти, од тоа нема ништо, нема никакво подобрување, бараме двојно да се зголеми додатоткот и тоа го нема. Јас мислам дека треба да се даде минимална плата на едниот родител за едниот родител да биде 24/7 со детето, вели Гоце Лефтеровски, родител на дете со попреченост.
Револтирани се што досега никој не ги викнал да разговара со нив.
Триесет години парите не се покачени, а се замина по 100, 200, 300 проценти, поскапена е храната, горивата, струјата. Ние останавме со 5.000 денари. Сите кои излегуваат на протест некој преговара со нив, добиваат некое покачување. Со нас никој не преговара, нема ништо, вели Горан Камачевски, родител на дете со посебни потреби.
Во државата има околу 15.000 деца и лица со посебни потреби, а нивните семејства најавуваат протести пред владата во петок. Од Министерството за труд велат дека работата на пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение за унапредување на децата и лицата со попреченост.
Емилија Мисирлиевска











