Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двојно зголемени казните затвор за двајца обвинети за модуларната болница во Тетово

/

пред 295 дена

Сподели преку :

Апелација Гостивар ја преиначи пресудата за модуларната болница во Тетово. Двајцата обвинети на кои тетовскиот суд им пресуди по една и пол година затвор, сега Апалеција има ја зголеми на по три години затворска казна.

Зголемена е и паричната казна односно отштетата која правното лице треба да ја сноси согласно вината.

Советот при Апалациониот суд известува дека жалбата на обвинетите е неоснована, а се прифаќа жалбата на на Основното јавно обвинителство Тетово и  жалбите на оштетените се основани.

Апалеција Гостивар во решенеито на одлуката наведува дека кривичната санкција и првостепената пресуда се преиначува  само во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што на  обвинетите Фљорин Бесими од Тетово и Артан Етеми од Тетово, кои со  првостепената пресуда се огласени за виновни за кривично дело „Тешки  дела против општата сигурност“ додека обвинетото  правно лице Јавна здравствена установа Клиничка болница Тетово го  осуди на парична казна во износ од 1.300.000 денари.

Овој суд смета  дека вака изречените кривични санкции за обвинетите во целост одговараат на степенот на кривичната одговорност на обвинетите, тежината на кривичното дело за кое се обвинети, последиците од  конкретното кривично дело, а тоа е смртта на 12-дванаесет пациенти  заболени од Ковид 19 кои се лекувале во Модуларната болница во  Тетово, како и двајца роднини на болните лекувани во  модуларната болница во Тетово.