Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џамбаски повторно подгрева тензии, за Османи се уште не е момент да биде прогласен „персона нон грата“

/

пред 1369 дена

Сподели преку :

Контроверзниот бугарски политичар и европратеник Ангел Џамбаски повторно ги подгрева тензиите меѓу двете земји. За денеска напладне најави протест во Софија пред зградата на Европската комисија за поддршка на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков осомничен за трговија со дрога, кој во пресметка со тројца негови сограѓани го извлекол подебелиот крај.

Без да го дочека крајот за официјалната причина и исходот од истрагата на обвинителството за инцидентот бугарското МНР  и врачи протестна нота на македонската амбасадорка во Бугарија.

Бугарија испрати владин авион за да го транспортира Пендиков од Македонија во Бугарија и таму да го продолжи лекувањето, а Вршителот на должноста министер за надворешни работи, Николај Милков на аеродромот во Софија го пречека авионот.

Милков веднаш испрати пораки дека без исполнување на потребните критериуми за членство во ЕУ, Бугарија не може да се согласни Македонија да стане членка на Унијата. Рече дека земјава треба да го промени однесувањето, за да кажат „да“ на евроинтеграцијиата.

Ова не е прва провокација изминатиов период на Џамбаски. Тој е истиот оној човек кој за време на одбележувањето на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева во земјава испрати провокативни пораки за територијални претензии. Неговите пораки кој тој ги испрати од Скопје беа дека, македонските политичари се „србомани кои вршат геноцид врз Бугарите“, а Македонија ја нарече „бугарска“.

Од ваквите негови ставови се оградија и бугарските власти и рекоа дека тие не кореспондираат и не се став и на Бугарија како држава, а македонските власти пак и понатаму остануваат воздржани за ваквите отворени напади и за сега не планираат да бараат извинување ниту да го прогласат за „персона нон грата“.