Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џинпинг со порака до Бајден: Прашањето на Тајван е првата црвена линија која не смее да се премине

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Кинескиот претседател, Си Џинпинг му пренесе денеска на неговиот американски колега, Џо Бајден дека прашањето на Тајван е меѓу клучните интереси на Кина и „прва црвена линија“ во билатералните односи која не смее да се премине.

„Тајванското прашање е во самата суштина на клучните интереси на Кина, темел за политичка основа на кинеско-американските односи и прва црвена линија во нив која не смее да се премине“, рече Џинпинг за време на средбата со Бајден на Самитот на Г20 на Бали, Индонезија, пренесува агенцијата Ксинхуа.

Пекинг гледа на Тајван како неотуѓив дел од Кина, објави „Ројтерс“ и додава дека Тајван од крајот на 80-тите години од диктатура се развивал кон демократија и оти сега припаѓа на политички најстабилните демократии во Азија.

Кина, спротивно на тоа, е комунистичка народна република, а за шефот на партијата и претседател на државата, обединувањето со Тајван е историска мисија, потсетува британската агенција.