Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џонсон најави испраќање британски тенкови во Полска како замена за советските Т-72 тенкови кои оваа држава ги праќа во Украина

/

пред 1626 дена

Сподели преку :

Постои реална можност дека војната во Украина би можела да трае до крајот на 2023-тата година, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Според Џонсон, Русија е многу блиску до тоа да обезбеди коридор по копно од јужна до источна Украина, иако според него ситуацијата останува тешка за прогнозирање.

Тој порача и дека Обединетото Кралство ја разгледува можноста да испрати британски тенкови за Полска, како замена за тенковите Т-72, од советско производство, кои оваа членка на НАТО од поранешниот Варшавски пакт ги испраќа во Украина, за да му помогне на својот сосед да се одбрани од руската агресија.

Џонсон најаи и дека целосно ја поддржува идејата, наредниот месец, персоналот на Британската амбасада да се врати во Киев.

„Мислам дека можеби тоа што го немам кажано во јавноста досега е дека разгледуваме повеќе за тоа што би можеле да направиме како помош за земјите како Полска кои сакаат да испратат тешко вооружување за одбрана, да помогнат во одбраната на Украинците. Значи, ја разгледуваме можноста да испратиме тенкови во Полска за да им помогнеме, бидејќи тие испраќаат дел од своите Т-72 тенкови во Украина и други слични чекори. Знаете, зборувам и за одбрана против воени бродови и слично. Мора да размислиме за тоа што можеме повеќе да направиме на воен план. Мора да ги засилиме и економските санкции и тоа и го правие. Сакаме да се осигураме дека ќе има бран по бран на се посилен притисок врз Путин“ – изјави Британскиот премиер Џонсон.