Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗС: Од опожарениот простор во Трубарево има слабо чадење од само неколку места

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Од опожарениот простор во Трубарево има слабо чадење од само неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Како што наведува, се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето.

Пожарот избувна вчера околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад. Лекарска помош по пожарот побарале четири лица и сите се надвор од животна опасност.

Приведени се четири лица.

Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска, информираше попладнево Јавното обвинителство, посочувајќи дека резултатите од мерењата на Инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството.