Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

/

пред 917 дена

Сподели преку :

Италијанската полиција на 10 април го уапсила еден од најбараните американски бегалци  на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.

Во моментот на приведување кај лицето биле пронајдени три скриени ножеви, а во тој момент на плоштадот папата Франциск имал аудиенција.

Мојзес Теџада сега се наоѓа во притвор, а единицата за истраги во затворската служба во Њујорк го опишува како насилна личност. Тој е на листата на најбарани лица во тоа одделение.

Сè уште не се знае дали Теџада, кој бил осуден за грабеж и киднапирање, претставувал било каква опасност за папата.

Италијанските власти чекаат на американските власти да испратат барање за негова екстрадација.