Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден тон марихуана запленети во Јосифово

/

пред 228 дена

Сподели преку :

Еден тон марихуана и над еден тон биомаса отпад се запленети од фирмата „Грин Лајф“ од село Јосифово, Валандово, потврдија за Телма извори од истрагата.

Оваа фирма е една од шесте која ја загуби лиценца за одгледување на медицински канабис. Тоа е истата фирма во која сопственост има Александар Мијаиловиќ преку белградската „Бионатуралс“.

Мијаиловиќ е во бегство и осомничен е во Србија за организација на шверцот и складирањето на пет тони марихуана кај Крушевац.

Сите 4 фирми кои се дел од скандалот со шверцот на марихуана ги изгубија лиценците, на списокот до кој дојде Телма има вкупно 6 фирми за марихуана со неправилности и законски прекршоци