Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Едно лице загина а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот  Битола – Ресен кај месноста викана Макази.

Од СВР Битола информираат дека до несреќата дошло откако патничко возило БМВ со ресенски регистарски таблички управувано од 46 годишен жител на ресенско село,  удрил во возило марка пежо со битолски ознаки, кое пак се судрило со трето возило БВМ управувано од 47 годишен ресенчанец, кој патувал со со сопатник.

Од ударот на лице место починал 46 годишникот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило БМВ се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот од м.в.Макази до с.Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

Со „Сејф сити“ порано, имаше шминка, директорот на полицијата Јанев вели дека и сообраќајната култура е лоша откако само во март има 4 жртви во сообраќајот