Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Една недела по несреќата извлечен хеликоптерот „Black Hawk“ од водите на реката Потомак

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Екипите за спасување ги извлекоа остатоците од хеликоптерот на американската армија Блек Хок од реката Потомак, една недела по смртоносниот судир со патничкиот авион на Американ ерлајнс во близина на Вашингтон.

Несреќата се случи кога авионот требаше да слета на блискиот национален аеродром „Роналд Реган“, при што загинаа лица во двете летала. Анализите на остатоците од леталото треба да помогнат во откривање на причините за несреќата.

Хелокоптерот за време на несреќата бил во тренинг мисија. При судирот на двата воздухоплови загинаа 60 патници и четири члена на екипажот во авионот како и тричлениот екипаж во хеликоптерот.

Податоците од системот за контрола на летање на аеродромот сугерираат дека хеликоптерот летал повисоко за 61 метар во споредба со инструкциите кои му биле дадени. Несреќата беше најсмртоносната во САД од 2001 година, кога авион удри во населено место во Њујорк веднаш по полетувањето, при што загинаа сите 260 патници, како и пет лица на копно.