Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице повредено, а тројца задушени од чад во пожарот во Тетово

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Во пожарот кој денеска пламна во објектите на „Пофикс“ во Тетово има четворица повредени. Три лица се со асфиксија (гушење), а за едно лице има скршеница на коленото, но нивната состојба е стабилна, изјави доктор Газменд Ибиши од тетовската Итна помош.

„Досега имавме три случаи на асфиксија, кои изгубија дел од кислородот на терен. Не беа во тешка состојба, само ги превезовме на стажантско одделение, добија помош. Имаше цивили кои доброволно укажаа помош и еден со повреда кој беше повреден со овие превозни средства, пренесен е на ортопедија, постои сомневање дека го скршил коленото“, изјави доктор Ибиши.

Пожарникарот Авни Амети од тетовската противпожарна единица информираше дека заедно со колегите од повеќе градови интервенираат да се изгаси огнот што гори во управната зграда на „Македонија Табак“, додека се спречува да се прошири огнот на двата соседни објекти. Тие два објекти ги користи приватна компанија која произведува градежни материјалии.

-Внатре има материјали кои лесно горат и тешко се гасат. Затоа има многу чад. Има два објекти и една голема хала која гори, и да не се рашири се бориме со огнот, изјави Амети.

Двајца негови колеги се задушиле со чад и добиле медицинска помош, додека еден пожарникар е повреден. Тој паднал и така ја повредли едната нога.  Според Амети голема помош е што дошле колегите од други градови.

-Со помош на вработени се тргнати материјали што горат. Треба трепение, многу вода сме фрлиле, а се фрла и пена од цистерна на ТАВ аеродром и на компанија ОКТА. Со тој материјал да запре огнот и до крај на денот да завршиме со ова, изјави Амети.