Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина, а над 60 се повредени при руски напади во Харков

/

пред 549 дена

Сподели преку :

Во руски напад на вториот по големина украински град Харков утрово загина едно лице, а најмалку 60 се повредени, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека како резултат на нападот оштетени се 20 станбени згради и 30 приватни куќи.

Терехов рече и дека според прелиминарните информации, нападите врз Харков биле извршени со „балистички ракети опремени со касетна муниција“.

Ова е трет голем напад од почетокот на годинава врз цивилна инфраструктура откако претходно напади со големи цивилни жртви Русија изврши врз градот Суми, а претходно и во Криви Рих.