Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едногласно американскиот Сенат го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Сенатот брзо го потврди Марко Рубио за државен секретар, гласајќи едногласно да му го одобри на претседателот Доналд Трамп првиот член на неговиот нов кабинет на Денот на инаугурацијата.

Рубио, републиканскиот сенатор од Флорида, е меѓу најмалку контроверзните од кандидатите на Трамп.

Друг избор е Џон Ретклиф за директор на ЦИА, за кој исто така се очекува да има брзо гласање. Како и поранешниот воен ветеран и водител на Фокс њуз, Пит Хегсет кој се очекува неделава да биде избран за секретар за одбрана.

  • „Марко Рубио е многу интелигентен човек со извонредно разбирање на американската надворешна политика“, рече сенаторот Чак Грасли од Ајова, најстариот републиканец, при  отворањето на расправата.

Често традиција e Сенатот да се состанува веднаш по церемонијата на инаугурацијата за да се започне со поставување на тимот на новиот претседател, особено претставниците за националната безбедност.

За време на првиот мандат на Трамп, Сенатот брзо ги потврди неговите секретари за одбрана и за домашна безбедност.

А изборот на директор на националното разузнавање на претседателот Џо Бајден беше потврден на самиот Ден на инаугурацијата.