Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ефтина тарифа на струја од 1 декември од 13 до 15 часот – ноќната останува од 22 до 7 часот

/

пред 1094 дена

Сподели преку :

Евтината дневна тарифа домаќинствата ќе можат да ја користат во период од 13 до 15 часот, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Оваа поволност граѓаните ќе ја имаат од 1 декември, иако претходно се зборуваше дека е можно да се воведе во текот на летото. Сепак, според информациите од Електродистрибуција, само 170.000 броила се дигитални и тие ќе можат компјутерски да се сетираат, останатите 650.000 ќе мора рачно да се прилагодуваат, а за да се случи тоа ќе мора да се чека на 1 декември да влезе во сила новиот тарифен систем.

По, ова може да се види дека на почетоот на декември евтина дневна тарифа, ќе добијат само оние со дигитални броила, останатите ќе мора да почекаат уште неколку дена за да се заврши сетирањето на лице место. Од компанијата претходно апелираа до граѓаните да бидат достапни нивните броила за да може да ја завршат работата.

Евтината дневна тарифа беше укината пред повеќе од една година, како последица на енергетската криза. Од РКЕ потенцираат и дека, и натаму останува вечерната евтина тарифа од 22 до 7 часот наутро. Евтината дневна тарифа полека се враќа, но од друга страна се зголеми ДДВ за струја на 18 отсто.