Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Египетски дипломат е нов генерален секретар на Арапската лига

/

пред 191 дена

Сподели преку :

Министрите за надворешни работи на арапските земји денеска едногласно го избраа египетскиот дипломат Набил Фахми за нов генерален секретар на Арапската лига.

Фахми ќе ја преземе функцијата од неговиот сонародник Ахмед Абул Гејт, чиј втор мандат истекува во јуни оваа година. Иако статутот на организацијата не ја дефинира националноста на генералниот секретар, по традиција на оваа позиција речиси секогаш се наоѓа египетски дипломат, со оглед на тоа што и седиштето на Лигата е во Каиро.

Набил Фахми има богата дипломатска кариера – беше министер за надворешни работи на Египет (2013-2014), како и амбасадор во САД и Јапонија. Тој потекнува од познато дипломатско семејство; неговиот татко Исмаил Фахми исто така беше министер за надворешни работи во времето на Анвар Садат.

Арапската лига, основана во 1945 година, ги координира политичките и економските односи меѓу своите 22 земји членки.