Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕК во најновиот извештај нотира говор на омраза, напади врз македонските Бугари и бугарските клубови во Македонија

/

пред 1109 дена

Сподели преку :

Говор на омраза, напади врз македонските Бугари и бугарските клубови во Македонија, нотира Европската комисија против расизам и нетолеранција во најновиот извештај.

Повикувајќи се на етнички бугарски соговорници, ЕКРИ констатира дека анти-бугарскиот говор на омраза е честа појава во Македонија и дека најчест стереотип со кој се етикетираат сите Бугари е „фашисти“.

Во извештајот се нотирани и нападите врз бугарските клубови во Охрид и во Битола, како и нападот врз Христијан Пендиков во Охрид..ЕКРИ забележува и, како што го нарекува, образец кој се појавува, што предизвикува сериозна загриженост и бара од властите систематско и доследно спротивставување на анти-бугарскиот јавен дискурс, за да се спречи овој „загрижувачки тренд“.

Во извештајот се наведува дека и покрај напорите за подобрување на ситуацијата со Ромите, тие и натаму се маргинализирани. Не постои ниту основа за решавање на нетеолранцијата и дискриминацијата на ЛГБТИ заедницата, наведува ЕКРИ.

За решавање на овие проблеми Европската комисија против расизам и нетолеранција дава и конкретни препораки до властите. Претходниот извештај беше објавен во 2016-та година.