Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екоактивисти: Македонија е премала земја за да има тешка и загадувачка индустрија

/

пред 572 дена

Сподели преку :

Еколошката катастрофа во Kрива Река е очекувана за струмичките еко активисти. Тие велат дека ова е последица на она што го предупредуваат последните осум години – дека рудниците кои работат со цијанид се потенцијална еколошка бомба над секој регион.

Според нив, Македонија е премала земја за да има тешка и загадувачка индустрија од ваков тип.

Еколошките здруженија предлагаат итни мерки кои ќе вклучуваат драконски казни и строга законска регулатива  за да се делува превентивно со индустриските капацитети кои се закана за екосистемот и целата животна средина.

Последниве осум години Југоистокот на македонија се бори против отворање на рудници на негова териотија.

Граѓанските здруженија поттикна и локални референдуми, но издејствуваа и законски измени со кои на новоотворените рудници имс е забранува употреба на цијанид во рпеработката на рудата.

Сузана Мицева