Економската ситуација е сериозна, но добро е што банкарскиот сектор е стабилен, потенцираше министерот за финансии Фатмир Бесими по средбата со Македонската банкарска асоцијација. Уверен е дека економските мерки кои ги предвидела владата ќе му помогнат на стопанството, тука се вели, и бескаматните кредити кои ќе продолжат да се даваат.











