Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Железничкиот сообраќај нормализиран, исплатен вториот дел од октомвриската плата

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Патничкиот и железничкиот сообраќај од попладнево е нормализиран, откако на вработените во железничките претпријатија им е исплатен вториот дел од октомвриската плата што беше причина за неколкудневниот бојкот на синдикатите.

Претседателот на Независниот машински персонал во Железници на РСМ Транспорт, Душко Чакаровски информираше дека е исполнето барањето, но напоменува дека повторно ќе ја прекинат работата, доколку продолжи праксата со доцнење на исплатата на платите.

Согласно со дописот што претходно го имаа испратено до раководството на компанијата, доколку до 25 во месецот не им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, повторно ќе го блокираат сообраќајот.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец