Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев ја најави реализацијата на четвртиот пакет мерки

/

пред 2154 дена

Сподели преку :

Преку фејсбук статус, премиерот Зоран Заев ја најави реализацијата на четвртиот пакет мерки, наменет за поддршка на граѓаните и стопанствениците.

Мерките ќе создржат даночни ослободувања и намалување на средствата за трошење на компаниите како што се, намалувањето на ДДВ од 18 на 5% за занаетчиите. Тука се и намалувањето на стапката на ДДВ за услугите кои ги нудат рестораните, плаќање ДДВ пет дена откако ќе се поднесе пријавата, одложеното плаќање на аконтации за данок на добивка, како и личниот доход, а и признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за Ковид 19.

Со помош на ребалансот на буџетот, за најзагрозувачките дејности, ќе бидат издвоени 412 милиони денари, 9,8 милиони денари за туристичките водичи, 120 милиони денари за враќање на туристичката такса, како и 330 милиони денари за име на грантови за туристичките агенции, игротеките и рестораните за свадбени веселби.