Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За една година, храната поскапе за 27% на светските берзи

/

пред 1766 дена

Сподели преку :

Цените на храната на светските берзи се зголемија во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Причина за продолжувањето на поскапувањето е зголемената побарувачка на пченица и млечни производи.

Просечната вредност на индексот на цените на храната на ФАО, кој ги одразува месечните промени на меѓународните цени на основните прехранбени производи, достигна 134,4 поени во ноември, наспроти 123,8 во октомври. Ова е највисокото ниво од јуни 2011 година.

На годишна основа, ноемврискиот индекс забележа скок од 27 отсто. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа во последната година поради зголемената побарувачка и недоволниот род.