Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митреска: Девизниот курс е стабилен

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

„Девизниот курс е стабилен. Девизните резерви се на високо ниво“ – рече вицегувернерката Ана Митреска во вечерашното гостување на Топ Тема. Што се однесува до проекциите за инфлацијата која во јануари достигна 6,7%, можно е да има нагорна корекција, но тоа зависи од времетраењето на кризата.

Последиците од војната во Украина за Македонија се индиректни и предизвикуваат раст на цените на енергенсите, житариците и металите, оценува вицегувернерката.

Митреска нагласува дека руските граѓани веќе ги чувствуваат економските санкции. Рубљата не може да го задржи својот курс бидејќи 40 одсто од руските девизни резерви се во земји што воведоа санкции. Инфлацијата во Русија ќе расте, а банките воведоа зголемување на каматните стапки од 9,5% на 20%.