Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите, кои сѐ уште ги чекаат субвенциите, стравуваат од нов удар со замрзнувањето на цената на оризот

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

Кочанските оризопроизводители алармираат доколку се замрзне цената на оризот ќе трпат дополнителен удар, од причина што ја имаа најлошата година и со жетва и со откупната цена. Оризовата арпа им се откупува од 16 до 20 денари, а речиси целата реколта им стои во амбарите.

Оризопроизводителите ги чекаат и интервентните владини субвенции, но засега политичката криза не дозволува да ги добијат нивните три денари по килограм арпа.

Цените на прехранбените производи во македонските супер маркети ги диктираат светските берзи, од причина што земјава е увозно ориентирана. Универзитетскиот професор од штипскиот Економски Факултет, Љупче Давчев смета дека мерката треба да се продолжи за дополнителни еден или два месеца, а на долгорочен план потребни се и други мерки за производителите и увозниците.

Давчев  очекува  да паѓаат цените на светско ниво, а тоа ќе се почувствува кон средината на наредната година,  но нема да се вратат на ниво пред корона кризата.

Викторија Димитрова Јованова