Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Под „мраз“ и цените на оризот, јајцата и тестенините

/

пред 1754 дена

Сподели преку :

Цените на јајцата, оризот и тестенините не смее да растат до крајот на јануари до година. Владата на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за економија да се прошири листата со основни прехрамбени продукти за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември годинава.

Оваа одлука е цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението, објави Бектеши на Фејсбук.

Претходно Владта „под мраз“ ги стави цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата.

Дали се почитува одлуката- контролираа пазарните инспектори. Тврдат нема неправилности. За сега немаат казнето ниту еден трговец. Казните пак за непочитување на одлуката се движат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на фирмата.

На неделно ниво се прават околу 500 контроли, зборувам на ниво на цела РСМ. И со огледот на фактот што кажав дека не се утврдени никакв неправилности, се уште нема ситуација каде што некој трговец на мало или големо ги нема изменето цените или нема постапено соглансо оваа нова одлука. Во случај да не се почитуваат одлуките има законски прописи каде што се вметнати казните, вели Александра Котели од ДПИ.

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехрамбени продукти се донесе  за да спречи ценовен шок откако храната почна нагло да расте. Бизнисот реагираше дека тоа ќе влијае на нивното работење, а познавачите пак дека мерката е задоцнета и не треба да се применува долгорочно. Од Владата пак најавија дека ако не се стабилизира состојбата одлуката може да биде продолжена и по 31 јануари идната година.

Александра Филиповска