Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјани нема да останат без парно, ниту БЕГ без лиценци, ЕСМ ќе управува со БЕГ до крајот на грејната сезона

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

Владата во пет до 12 најде решение скопјани утре да не се разбудат покрај студени радијатори. Иако се закануваше, на крај ретерираше – нема да ги одземе лиценците на БЕГ, туку преку ЕСМ привремено ќе управува со компанијата до крајот на грејната сезона. И тоа преку Уредба со која ќе може да се прогласи кризна состојба, сега и на пазарот со топлинска енергија. Одлуките и договорите, и со БЕГ, и со Скопје Север ќе се потпишуваат идната недела, кога и официјално ќе имаме и нова влада.

Со договорите за деловно-техничка соработка сите права и обврски кои ги имале субјектите ќе мируваат,  а правата и обврските кои ќе настанат во време на важење на договорот ќе бидат на ЕСМ. АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење преку посебна сметка и за истото ќе доставува извештаи до владата во континуитет. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија и истите ќе бидат проширени откако ќе се добие согласност од РКЕ, рече Бектеши.

Денеска е потпишан договор меѓу ЕСМ и ТЕ-ТО со кој пак ТЕ-ТО ќе работи во полн капаците од 5 наутро до 1 после полноќ секој ден во неделата,  и ќе ги продава вишоците на струја на ЕСМ по цена од максимални 170 евра за мегават час до крајот на јануари, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија. Директорот на Регулаторна  Бислимовски уверува дека скопјани ќе имаат квалитетно парно греење до крајот на грејната сезона.

До завршувањето ан грејната сезона, целиот овој бизнис со топлинската енергија о градот Скопје ќе биде под целосно управување на најголемата државна компанија од областа на енергетиката, а тоа е ЕСМ. Граѓаните да бидат сигурни дека ќе имаат непречена испорака на топлинска енергија, рече Бислимоски.

За тоа што и утре ќе има парно, се погрижила ТЕ-ТО, таа ќе дава гас на БЕГ на одложено плаќање.

Вистина е дека ресурсите на БЕГ се истрошени заклучно со денешниот ден, меѓутоа со договор со Владата земавме обврска ТЕ-ТО на одложено плаќање да го дава гасот на БЕГ до крајот на идната недела, рече Димитар Ковачевски.

Разликите во ставовите и неизвесноста дали утре ќе има парно за скопјани, Владата и приватните компании ги надминале со разговор, кажа вицепремиерот Битиќи.

Се случи разговор на две страни кои се обидоа да станат поразумни, и БЕГ и ТЕ-ТО ги најдоа сите начини да бидат соработливи, рече тој.

Владата ќе ја субвенционира и разликата меѓу реалната и актуелната цена на топлинска енергија која од почетокот на годинава се зголеми за 14 проценти. Колку пари од буџетот ќе не чини справувањето сега и со „топлинската криза“, од владата велат ќе се знае наредната недела.

Александра Филиповска