Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

/

пред 506 дена

Сподели преку :

Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска соопштија дека Трајко Славескк е предложен за нов гувернер на Народната банка.

-Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, соопштија од кабинетот откако до последен момент траеја разговорите со премиерот Христијан Мицкоски за тоа кого пред Собранието ќе предложи Силјановска за гувернер.

Во продолжение соопштение на кабинетот на претседателката:

Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати.

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка