Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казнета фирма за обид за лажно декларирање на јајца

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Фирма регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство е казнета со 1.400 евра откако пред Велигден увезла околу 40 тони јајца од Србија, кои требало да бидат пласирани како „македонски јајца“, иако не потекнувале од домашно производство.

Според надлежните, во две пратки биле откриени над 570.000 необележани јајца, кои требало дополнително да бидат означени и незаконски да се продаваат како домашни, што претставува обид за доведување во заблуда на потрошувачите и нарушување на пазарната конкуренција.

Јајцата се уништени на депонијата „Дрисла“.

Од АХВ информираат дека против операторот не е поднесена кривична пријава, но се спроведуваат засилени инспекциски контроли врз увозот и домашното производство на јајца.

Институцијата наведува дека нема евидентирани притисоци или влијанија во врска со случајот.