Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

/

пред 191 дена

Сподели преку :

Комерцијална банка АД Скопје на 27.03.2026 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2025 година со бруто-добивка во износ од 5.632,5 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 555,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 5.077,3 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 5.077,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 135% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.350 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 04.05.2026 година.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.600,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 400 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2026 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2025 година и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2025 година. (СООПШТЕНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА)