Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Литар дизел повторно над 100-ка, раст и на цените на бензините за 2 и за 2,5 денари со новото поскапување на дериватите

/

пред 1467 дена

Сподели преку :

Од ноќеска цените на дериватите растат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Причини се зголемувањето на цените на големо кое кај дизелот се движи до речиси 5% раст, како и поради зголемениот курс на доларот.

Најмногу расте цената на литар дизел кој ќе поскапи за 3 денари по литар и повторно ќе надмине 100 денари (100,5 денари за литар). Цените на бензините растат за 2 односно 2,5 денари по литар.

Од ноќеска ќе важат следните максимални цени за дериватите:

Моторен бензин                ЕУРОСУПЕР БС – 95              89,00 (денари/литар)

Моторен бензин                ЕУРОСУПЕР БС – 98              91,00 (денари/литар)

Дизел гориво                     ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        100,50 (денари/литар)

Масло за горење              Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)           97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                        51,920 (денари/килограм)   

Соопштението на РКЕ во продолжение:  

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,033%, кај дизелот за 4,496%, кај екстра лесното масло за 4,181%  и кај мазутот зголемување е за 1,986%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,316%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува  51,920 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.