Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК

/

пред 121 дена

Сподели преку :

За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година. Земјата доби поддршка од 174 држави членки на гласањето во Њујорк, што властите го оценуваат како голем успех за македонската дипломатија.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува потврда за активната и планска надворешна политика, како и за зголемената улога на државата во меѓународните организации… Тој посочи дека ова е продолжение на позитивниот тренд по членството во други тела на Обединетите нации.

Според Министерството за надворешни работи, членството во советот ќе овозможи поголемо учество на земјата во глобалните дебати за економски и социјален развој, човекови права и одржлив развој, како и дополнително зајакнување на нејзиниот меѓународен кредибилитет.