Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ во земјава

/

пред 1584 дена

Сподели преку :

Целосно неточни се информациите дека јапонскиот бренд „Хонда“ нема да биде застапуван од „Макпетрол“.

Компанијата ја демантира веста со наслов: „Макпетрол“ повеќе не е застапник на „Хонда“, јапонскиот бренд во земјава ќе го претставува „Хонда Ауто центар“, објавена на некои медиуми на 03.06.2022 г. Во веста се тврди дека „Макпетрол АД“ нема повеќе да биде „претставник на Хонда во земјава“, односно дека „нов претставник ќе биде „Хонда Ауто центар“.

Компанијата ги информира своите клиенти дека „Хонда Ауто центар“ како правен субјект не постои во Македонија.

Исто така, информираме дека, како и досега, „Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ (HONDA Motor Co Limited), додека „Ауто Трејд Скопје“ е единствен официјален 3S (Sales, Service & Spare Parts) дилер на територијата на Република Македонија.