Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Москва се закани: Нема гас за Европа ако не се укинат санкциите

/

пред 1503 дена

Сподели преку :

Цените на гасот достигнуваат рекорди, откако  Газпром најави целосно затворање на Северен тек 1.

„Газпром“ во петокот објави дека гасоводот „Северен тек“, кој требаше да продолжи со работа во сабота по тридневен прекин поради редовно одржување, целосно ќе биде исклучен додека не се поправи турбината од витално значење за снабдувањето на Европа.

Но, официјален Кремљ денеска порача дека гас за Европа нема да има се додека не се укинат санкциите кон Русија виведени порадаи војната со Украина .

Портпаролот на рускиот претседател Владимид Путин, Дмитриј Песков, го обвини Западот и санкциите од ЕУ, Велика Британија и Канада за неуспехот на Русија да испорача гас преку клучниот гасовод што го носи гасот до Германија од Санкт Петербург преку Балтичкото Море.

„Проблемите со испумпувањето на гасот беа предизвикани од санкциите што ги воведоа западните земји кон нашата земја и неколку компании“, рече Песков.

Овие коментари на портпаролот на Путин, се досега надиректното барање на Кремљ ЕУ да ги укине санкциите во замена Русија да продолжи со испораките на гас на континентот.