Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не сте добиле се уште ДДВ од скенираните сметки- од УЈП велат дека има технички проблем за дел од граѓаните, а парите се обезбедени

/

пред 312 дена

Сподели преку :

Откако многу граѓани се пожалија и реагираа дека не добиле уплата од УЈП за скенираните сметки преку „МОЈ ДДВ“, директорката на УЈП Елена Петрова денеска соопшти дека исплатата оди, но имало технички проблем.

Петрова објасни дека кај дел од корисниците може да се појави застој во исплатата, најчесто поради технички причини како што е невалидна трансакциска сметка, што не зависи од УЈП. Таа нагласи дека повратот за третиот квартал се обработува по поднесувањето на пријавите и дека процесот е во тек.

Од УЈП информираат дека средствата преку мерката „Мој ДДВ“ се реализираат, а до четвртокот на сметките на граѓаните веќе се префрлени 552 милиони денари. Подготвени се и налози за исплата на дополнителни 370 милиони денари, кои ќе бидат префрлени веднаш по техничката обработка и санирањето на техничкиот застој. Станува збор за околу 15 милиони евра.