Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

“Супер 98” ќе чини 86 денари, “дизелот” половина денар поефтино- ново поскапување на горивото

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија донесе Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29%, а цените ќе важат од полноќ 27-ми април.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг.

Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95    84,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98    86,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    84,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС            52,825 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините  за 1,579%, кај дизелот има намалување за 1,059%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,418% и кај мазутот зголемувањето е за 1,876%, соопшти РКЕ.