Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во државата има структури кои може да наштетат на странски инвеститори, оценка по истражувањето на македонско- германското стопанско здружение

/

пред 1585 дена

Сподели преку :

Добри работници и персонал, подобрен даночен систем, но лоши административни услуги, слаба борба против корупцијата и организирани структури кои работат против инвеститори, ова се дел од заклучоците на истражувањето на Македонско-германското стопанско здружение за минатата година кога е и зголемена трговската размена меѓу двете држави (4,7 милијарди евра).

Во 2022 година 70 отсто од германските инветитори во државава, повторно би инвестирале, а 30 отсто (секоја трета германска фирма) би се одлучиле за друга локација.

Тоа го покажале резултатите од 17. анкета за деловната клима во Северна Македонија 2021/2022 спроведена помеѓу компании- членови на Македонско-Германското стопанско здружение, кои беа презентирани на денешната прес конференција. Во анкетата се опфатени 30 компании од кои 9 кажале дека не би инвестирале.

Лошиот имиџ е придонес на слабите оценки за борбата против корупцијата и за правната и социјална сигурност.

Компаниите со најслаба оценка ја оценија борбата против корупција и криминалот. Но сметаат дека треба да има подобрување и во правната сигурност, политичка стабилност, инфраструктурата, како и поголема транспарентност при јавните набавки.

-Во државата постојат структури кои се организирани и може да наштетат на некои инвеститори, истакна Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на УО на Македонско-Германското стопанско здружение.

Даночниот систем, даночните оптеретувања и наплатата на побарувања се оценети како мошне подобри во споредба со изминатите години.

Во 2021 година стопанството се уште ги чувствуваше последиците од ковид пандемијата, но и покрај оваа состојба трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија забележаа рекордна година.
Во 2021 година од земјава во Германија се извезени добра во вредност од 3.474 милијарди евра, а увозот од Германија беше 1,244 милијарди евра. Вкупната трговска размена изнесува 4.719 милијарди евра и е зголемена во споредба со 2020 за 907 милиони евра.

Во истражување на прашањата поврзани со оценката на локалните улови, испитаниците се задоволни од трошоците за придонеси, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот.

Најзадоволни се од своите вработени, со највисока оценка се оценува продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените.

Војната во Украина остава последици и врз стопанството. Во однос на очекувањата за деловната состојба во своите компании, дури 96,4 отсто одговориле дека се соочуваат со зголемени трошоци за енергија и репро материјали. 64,3 отсто очекуваат прекин во глобалниот синџир на снабдување, а 46, 4 отсто веќе имаат недостиг на материјали за производство. 28,6 отсто очекуваат да дојде до прекин на производството и исто толку испитаници очекуваат пад во нарачките.

25 отсто очекуваат да дојде до нарушување на трговската размена, а само 14,7 отсто мислат дека војната ќе предизвика губење на деловни партнери. 13,8 отсто очекуваат до крајот на 2022 да дојде до нормализирање на меѓународниот синџир на снабдување, а 55,2 отсто рекле дека тоа ќе се случи дури во 2023 година.

Според Мартенс: „70 отсто од испитаниците се задоволни од состојбите во сопствената компанија и повторно би инвестирале во земјата. Оваа година тоа го видовме кај повеќе компании, тие го проширија своето производство и го зголемија бројот на вработени, што претставува одличен показател, а и трговската размена бележи рекордна година, за 6 години се има двојно зголемено.”

Во Македонија работат 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица, што игра важна улога на пазарот на трудот.