Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс директор на Национални шуми продавал дрвна маса по цени пониски од важечкиот ценовник

/

пред 120 дена

Сподели преку :

Мвр поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица, при што во договорите се повикал на ценовник за цени на дрвни сортименти кој во моментот бил неважечки и во кој биле наведени пониски цени од важечкиот ценовник.
Во сите осум склучени договори за купопродажба на опожарени дрвни сортименти биле наведени цени од ценовник од 05.12.2014 и во кој цените биле пониски од важечкиот ценовник од 21.07.2022 година.
Сите осум договори биле реализирани со што пријавениот овозможил шест правни лица да се стекнат со имотна корист од 2.053.838 денари и за тој износ била предизвикана штета на ЈП „Национални Шуми“.